Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети кој ја купи Соравија, со фирмата Тор Индустрис формирана во 2020 година е вклучен во изградбата на коридорот 8 и други патишта, обвинија од ВМРО- ДПМНЕ.

Неговата фирма како што тврди Ковачки била формирана за да учествува во големи градежни проекти, како што е и проектот со изградбата на Kоридорот 8.

Дрин Ахмети во проектот се криел како подизведувач, а неговата фирма заедно со уште една фирма од Зајас склучиле договор вреден 1,3 милиони евра за ископ и други градежни работи, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај на Коридор 8, како „Тор Индустриес“ на внукот на Али, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делница Извор – Гарски мост. Исто како и на Коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги инкасираат, според документите доставени до нас од свиркачи се помеѓу 6 и 9 милиони евра.Потенцираме дека очекуваниот приход од 6 до 9 милиони евра, пред банката на „Тор Индустриес“ е изнесен токму од Дрин Ахмети, и тоа е заведено во анализата на банката“, вели Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Тор индрустрис испратија официјално соопштение во кое ги демантираат информаците пласирани од пратеникот Ковачки и побараа јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ или во спротивно ќе се соочат на суд.