ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН– I ДЕЛ
Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата”.
На прашањето како Александар Македонски ги организирал слободните антички народи во Мала Азија тешко е да се одговори. Меѓутоа, подоцнежните документи покажуваат дека, како и порано, островите подалеку од брегот ѝ припаѓале на Коринтската лига. Така, сега градовите на копното беа членови на Лигата на Александар Македонски, кој несомнено ја следеше намерата на својот татко Филип Македонски. Посебните мерки преземени од Александар Македонски се сложуваат со оваа претпоставка.
Посебна карактеристика е тоа што азискоатичките членови на Лигата не беа обврзани да даваат контингенти за војската и флотата како државите во татковината, но требаше да плаќаат придонес во пари. Јонскиот федерален систем, кој беше обновен пред доаѓањето на Александар Македонски во средината на столетието, сé уште беше во сила и нема доказ спротивен на ова мислење, бидејќи во Античка Грција лигите беа признати како членки.
Во секој случај не е можно да се докаже друга претпоставка освен дека наместо да ги воведе античките Грци од Мала Азија во Коринтската лига, Александар Македонски ги организира во неколку локални лиги и ги направи зависни од себе.
Доказите се мошне скудни за широко развиената теорија дека веднаш по ослободувањето, античките народи од Мала Азија му укажале голема почит на Александар Македонски. Примерите за тоа му припаѓаат на едно подоцнежно време.
Постојат две гледишта за западниот морски брег: дека Александар Македонски се судрил со опозицијата и дека во Милет и Халикарнас античките грчки наемници биле многубројни.
Персискиот командант на Милет кој прво сакал да го предаде градот подоцна се противставил, потпирајќи се врз персиската флота која немаше засолниште надвор од планината Микал, бидејќи флотата на Александар Македонски претходно успеа да ја заземе позицијата на островот Ладе пред градското пристаниште.
Co артилериска опсада што првпат овде ја употреби, беше направен пробив на бедемите и градот беше заземен, додека истовремено античката грчка флота влезе во пристаништето во близина на влезот.
Александар Македонски им прости на Милесијците, зашто беше очигледно дека се принудени да војуваат од персискиот гарнизон, а потоа им даде слобода и ги приклучи кон Коринтската лига.
Тие му се заблагодарија со тоа што го избраа за градоначалник на својот град за наредната година (334-333). На списокот на овие епонимски претставници тој е наречен едноставно „Александар Македонски син на Филипа Македонски”, без титулата крал, која во тоа време не ја употребуваше, зашто беше хегемон на Лигата.
Во натписот во храмот посветен на Атина во Приен, Александар Македонски е опишан како крал, а значајно е тоа што тој не го изгради храмот со пари на Лигата. Иако флотата ја изврши својата улога во Милет, сепак тој распушти поголем дел од неа, задржувајќи само дваесетина атински бродови како залог.
Ова решение, што на прв поглед изгледа изненадувачко, беше неопходно поради недостигот на средства. Тој се колебаше дали да ги изложи своите бродови на опасност од многу посупериорната персиска флота или да се стационира на Самос.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН