Ви се најавија гости или домашните сакаат нешто благо. Секако, можете да отидете до продавница и да купите нешто готово, но можете да отидете до продавница и да ги купите состојките потребни за оваа плазма торта.
Вкусот навистина одличен, а ќе ви требаат само неколку минути за подготовка.
Потребни состојки:
- 400g шлаг (плус вода за матење)
- 400g мелена плазма
- 5 лажици крем од фстаци (по вкус можете да користите и друг крем)
- малини (или овошје по вкус) за декорација
Начин на подготовка:
- Изматете го шлагот со вода според упатството на ќесичката, па во него додадете ја мелената плазма.
- Спојте ја смесата, па префрлете ја на чинија или во калап за торти.
- Обликувајте по желба, а потоа, одозгора премачкајте со кремот од ф’стаци.
- Ставете ја во фрижидер за малку да се стегне.
- Украсете со малини и послужете ја.



