Вкупно 33 години затвор за 13 велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Date:

По скоро десет месеци процес зад затворени врати, скопскиот кривичен суд ги осуди сите 13 обвинети од велешката група обвинети за случајот со злоставувањето на 15 годишната малолетничка од Велес. Сите одговораат за Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник… Првобвинетиот доби 5 и пол години завтор, четворица по четири и четири ипол, петмина година и пол, еден година и 3 месеци, а еден условна казна од 2 години затвор.. Воедно, судот на првите 5 осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката.

Дел од осудените, кои се на возраст од 20 до 32 години, пред изрекувањето на казната ја напуштија судницата, не сакајќи да бидат снимани и прикажувани пред јавноста. За кратко време тие се вратија да ја слушнат пресудата.

Јавноста беше исклучена во моментот кога судијката Даниела Димовска ги образложуваше дејствијата кои обвинетите ги извршиле врз оштетената девојка.

Адвокатите на дел од обвинетите не се задоволни од пресудата.

Инаку, првично во случајот кој ја потресе земјава, беа вклучени 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството, а 13 беа во притвор, од кои еден од нив во куќен.

Скандалот, според обвинителството, траел од декември 2021 и продолжил и во 2022 година.

Според обвинителството, забавите се случувале во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...