ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Монографијата „Семејството Видиновски“ (2020)“ е дело на “Македонска искрa“, на 440 страници на, македонски и англиски јази, во кое авторот Славе Катин ја презентира животната приказна на семејството Видиновски. Таа е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во Торонто – Канада, но и во пошироките простори на северноамериканскиот континент.
Рада и Борче Видиновски, како горди Македонци, се познати, доблесни имиња на активисти и поети, кои со својот ангажман, активност во творечкиот опус, поетскиот збор и порака, оставаат културни достоинства за идните времињаи за следните генерации. Тие пленат со својата родољубивост и силна посветеност за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката. демократска и мултикултурна Канада.
Во монографијата посебно место е посветено за Битола и битолскиот крај, во кој спаѓаат и родните места на Борче и на Рада Видиновска. Така, во неа се вели дека Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат е најголем градски центар во Пелагониската Котлина од дамнина и се протега во југозападниот дел на Македонија.
Семејството Видиновски од селото Крстоар ја напуштило својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не ги напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Борис (Борче) и Рада Видиновски, како и сите Македонци ширум иселеништвото, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло, сместена на балканските простори.
Дел од животот и делата на Борче и Рада Видиновски е сместен во оваа монографија што ја подготви авторот на овие редови. Монографијата е еден вид биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и Рада од Крстоар и од Живојно, Битолско. А судбината на семејството Видиновски е слична или идентична со судбините на голем број други иселеници од етничка Македонија.

Инаку, Рада Крстевска – Видиновска е Канаѓанка од македонско потекло, родена во селото Живојно, а мажена во Крстоар, Битолско. Околу педесет години живее во Канада каде стана македонски иселенички писател, поет, есеист и раскажувач. За неа поезијата е, всушност, нејзин живот. Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада.
Промоции и објави:
На 2 август 2021 година, на 48-те „Љубански иселенички средби“ во дворот на старото училиште беше промовирана монографијата за семејството „Видиновски“ од Торонто, Канада, кое пред голем број присутни ја претстави Милчо Јованоски, познат новинар, публицист од Охрид.
Исто така, на 15 ноември 2021 година Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, промовирано е делото „Семејството Видиновски“, за кое зборуваа авторот Славе Катин и Соња Лозановска, главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ од Торонто.
Во порталот „Македонска нација“ од 3 јули 2019 до март 2020 година се објавени триесет и пет (35) продолженија од монографијата „Семејството Видиновски“ и поголем број се објавени во „Македонско сонце“.
Од монографијата за семејството „Видиновски“ “се објавенитриесет(30) продолженија во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје и „Македонија“ од Торонто и во други гласиила во Македонија.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





