Винскиот музеј Кавадарци го посетиле 12.000 посетители за три години

Date:

Околу 12 илјади посетители го посетиле Вински музеј Кавадарци за три години, а годинава што измина, околу 3.500 гости дошле овде од земјава и странство. Како што информираше денеска директорката Весела Честоева, од ден на ден расте интересот за овој музеј, за настаните што ги организираат овде и за експонатите што говорат за историјата, културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата.

– Мора да се напомене дека годината што измина ја отворивме и винотеката во која може да се купат вината од семејните винарии, како значаен потенцијал за лозаровинарството и винскиот туризам, нагласи Честоева.

Таа додаде дека нивните настани вклучуваат лица од различни генерации, а им посветуваат внимание на сите видови на уметност.

– Наша цел е да го издигнеме на повисоко ниво македонското вино на светската винска карта, а винскиот музеј да биде задолжителна дестинација на вљубениците во убавото вино, што исто така претставува своевидна уметност, додаде Честоева.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џастин Балдони: Насилството врз жените не е проблем на жените, туку на мажите

Џастин Балдони ја откри причината поради која сакал да...

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...