Данецот Јонас Вингегард втора година по ред ја освои најпрестижната велосипедска трка „Тур Д’Франс“, откако со денешната последна етапа низ Елисејските полиња во Париз заврши годинешното издание.

Вингегард победи и лани, а годинава ја одбрани титулата и тоа беше јасно со големата предност што ја направи пред денешната формална последна етапа и триумфираше пред Тадеј Понгачар, додека трет на годинешното издание беше Адам Јетес

Старо-новиот првак клучната разлика пред Понгачар ја направи во 16-та и 17-та етапа, кога му избега повеќе од шест минути, па сѐ потоа беше полесно за да ја задржи жолтата маичка и на крај да го освои Турот.