Британскиот водител Џејмс Корден го сними своето последно „The Late Late Show“ со гостите, актерот Вил Ферел и пејачот Хари Стајлс, кој во еден момент му го скрши бирото со чекан.

Ферел и Стајлс грабнале огромен чекан и ја искршиле масата на која Корден седел во шоуто, додека Џејмс се криел позади и го покривал лицето со рацете.

И актерот и пејачот здивеа уништувајќи ја масата на Корден, а сето тоа пропратено со гласни овации од публиката.

Емисијата на Корден го заврши емитувањето во четвртокот по осум години, наведувајќи ги семејните обврски како причина поради која тој се враќа во Англија по десет години поминати во САД. Тој објасни сè неодамна кога разговараше со Дру Баримор.

„Кога ја снимав емисијата Цицачи пред две години, една недела завршив со снимањето во шест часот наутро и го најдов син ми како седи на скалите. Ме праша: Дали се уште работиш денес? Му кажав дека работам, а тој ми рече дека е недела. Потоа му реков дека имам набиен распоред и морам да го завршам тоа бидејќи подоцна го имав Late Late Show“, рече Корден и потоа продолжи.

„Син ми тогаш се растажи… Влегов во автомобилот потоа, и се јавив на сопругата и ѝ реков дека ни остануваат можеби уште шест години во кои нашиот син Макс ќе сака да биде со нас. Ѝ реков дека не смееме да пропуштиме уште еден момент со него“, изјави Корден.