Американскиот актер и комичар Вил Ферел на премиерата на Despicable Me 4 изјави дека би сакал да биде прогласен за најсекси маж во 2024 година, според магазинот People.
Тој изјави дека би сакал да се појави на насловната страница на магазинот како најсекси маж во светот на шоубизот бидејќи „комедијантите никогаш не победуваат“.
„Ајде, гласајте за комичарите“, порача тој. Магазинот People на својот Инстаграм профил објави фотографија од 56-годишниот актер, а многу фанови во коментарите напишаа дека навистина ја заслужува титулата што ја посакува.
„Тој е смешен и тоа е секси“, „Се надевам дека ќе ја добие титулата“, „Се согласувам со него“, „Секси и смешен. Ти го имаш мојот глас“, „Ова е најсмешниот маж на светот. Се надевам дека ќе ја оствари својата желба“, се дел од коментарите.
Сепак, комичар веќе бил прогласен за најсекси маж на светот. Станува збор за Пол Руд, кој ја доби таа титула од магазинот People во 2021 година. Кога дознал дека е прогласен за најсекси маж во 2021 година, Руд бил многу изненаден.
“Свесен сум дека луѓето ќе се изненадат кога ќе слушнат дека ќе бидам прогласен за најсекси маж на светот. Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова пред мене”, рекол тогаш актерот.