„Вилијам нема да зборува со Хари додека не се извини за нападите“, велат кралски експерти

Date:

Принцот Хари ја посети Велика Британија по веста дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Имал средба со својот татко, која траела само 45 минути, а следниот ден војводата од Сасекс се вратил во Калифорнија. Тој не се сретнал со својот брат Вилијам.

„Принцот Вилијам воопшто не е заинтересиран да разговара со Хари додека тој не се извини за нападите врз кралското семејство“, изјавил кралски експерт, пренесува „Дејли мејл“. Многумина го гледаа доаѓањето на Хари како „знак на помирување“ откако помладиот британски принц се оддалечи од семејството и тоа не во најдобри услови.

Но, Хари се врати дома по само еден ден во Лондон. Покрај тоа, тој не преноќил во еден од имотите на палатата, туку се упатил кон хотелот. Извори блиски до војводата од Сасекс тврдат дека Хари дошол во Лондон исклучиво за да го посети својот татко, но тој сигурно не би одбил средба со Вилијам доколку се укаже можност.

„Вилијам нема да зборува со Хари додека не се извини за годините на грубост и зборови што ги упати кон него и кон принцезата од Велс. Вилијам е сигурно бесен затоа што го поддржуваше Хари сите овие години“, додаде авторката Ингрид Севард.

Хари пред неколку години изјави дека тој и Вилијам „тргнале по разни патишта“.

„Дел од овие улоги во кои се наоѓаме е да се справуваме со голем притисок. Неизбежно ќе има кавги. Но, ние секогаш ќе бидеме браќа, јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека ќе биде и тој за мене“, рече тогаш тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...