Викторија и Дејвид Бекам платиле 2200 евра за вечера во Мајами

Date:

Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам (48) и модната дизајнерка Викторија Бекам (49) потрошиле речиси 2200 евра на вечера во Мајами, пренесува „Пејџ сикс“.

Тие биле видени како вечераат во луксузниот ресторан и бар ЛПМ во населбата Брикел, а извор потврдил дека потрошиле голема сума. Имено, таа сума не ја потрошиле сами, туку биле во друштво со уште двајца гости. Вкупната сума на  сметката изнесувала 1676,27 евра. Сметката вклучувала уште 20% бакшиш од 334,54 евра и 180 евра данок, со што вкупно изнесувала 2200 евра.

Не е познато дали Бекамови оставиле дополнителен бакшиш, но изворот тврди дека Бекамови и нивните гости биле исклучително љубезни кон келнерите. Изворот ја пренел и информацијата дека келнерката го слушнала разговорот дека се загрижени за нејзиниот изглед бидејќи цел ден работела надвор на влажност. Бекам учтиво ја уверил келнерката дека сепак изгледа одлично.

Бекамови добиле ВИП третман во ресторанот со влегување и излегување од задниот излез, а вечераа зад приватен ѕид за да можат да уживаат во мирот.

Изгледа дека ресторанот ЛПМ е еден од омилените на парот бидејќи таму вечерале и во август 2021 година кога сметката била 332 евра, а оставиле бакшиш од 108 евра.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пензискиот фонд на стаклени нозе – се бара дури и поместување на прагот за одење во пензија на 67 години

Мислење на Фискалниот совет за 5-годишната стратегија на владата...

Едно лице повредено во пукање во Чаир, МВР го истражува случајот

Едно лице е повредено во пукање што денеска се...

Загадувањето со смртни последици – Протестен марш за чист воздух на 10 декември во Скопје

Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протестен марш за чист...

Тошковски за Радио Лидер: Не им успеа обидот за дестабилизација

„МВР има капацитет да одговори на ваквите предизвици, тоа...