Цената на гасот на најголемата европска берза ТТФ падна за 18,2 отсто по веста дека најверојатно нема да има штрајк на работниците во погоните за производство на течен природен гас (ЛНГ) во Австралија.
Според податоците на лондонската берза ICE, европските гасни фјучерси се продаваа на отворањето на берзата по цена од 30.921 евро за мегават-час, додека на затворањето на берзата беа продаден за 37.827 евра за мегават-час.
Ројтерс објави дека австралиската нафтена и гасна компанија Woodside Energy Group дала прелиминарно одобрение за повисоки плати и подобри работни услови за работниците кои се заканија со штрајк.
Евентуален штрајк во Австралија би можел да ја намали светската понуда на ЛНГ за 10 отсто, пишува порталот oilprice.com.
Пред два дена цената на гасот на берзата ТТФ поради неизвесноста околу штрајкот изнесуваше 44,8 евра за мегават-час.
Веста дека нема да има работнички штрајк во Австралија ја спушти цената на гасот
Date: