Верстапен по четвртата титула: Мислев дека ова е невозможно!

Date:

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека никогаш не ни замислувал дека ќе освои четири последователни шампионски титули во Формула 1 и дека сега чувствува големо олеснување и е горд на постигнатиот успех.

„Да стојам овде како четирикратен светски шампион е нешто што никогаш не мислев дека ќе биде возможно. Така, во моментов чувствувам олеснување, но исто така сум многу горд“, изјави 27-годишниот холандски возач.

Верстапен ја освои својата четврта последователна титула во Формула 1 со денешното петто место на трката за Големата награда на Лас Вегас. Така тој се израмни на третото место на сите времиња со Себастијан Фетел и Алан Прост. Пред нив по бројот на титули се Хуан Мануел Фанџо со пет, како и водечките Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум трофеи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...

 Украина и Русија во моментов не војуваат за Донбас, туку за вниманието на Трамп

Да не се лажеме, вистинската битка во војната во...

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината...

Уставен суд остана без еден судија

Уставен остана без еден судија, откако Управниот суд ја...