Среќата е многу субјективна, но колку и да се разликуваме едни од другите, сепак сите сакаме да бидеме среќни.

Во денешното модерно живеење, колку повеќе трчаме по среќата и се трудиме да ја најдеме на погрешни места, толку повеќе и се разочаруваме. Но, некогаш доцна сфаќаме дека навистина среќата е во малите нешта.

Но, едно неодамнешно истражување во кое биле вклучени повеќе од 2500 испитаници, можеби го има одговорот за сите нас. Тоа вели дека добитната формула за среќа е верба+надеж+љубов.

Верба

Вербата е наша основна водилка во животот. Кога веруваме во себе и во другите, кога сме оптимисти и знаеме дека го заслужуваме најдоброто, тогаш тоа се отсликува и во нашите постапки. Не можеме постојано да бидеме ведри и среќни и расположени, но токму вербата во во нешто посилно ни помага да се одржиме себеси во добра благосостојба. За некои луѓе, тоа е верба во себеси, за други во Бог, за трети во некоја духовна сила која нè води напред.

Љубов

Кога велиме љубов не мислиме само на онаа романтична љубов за која читаме во книгите. Љубовта започнува од самите нас и кон самите нас, а потоа се прелева и на љубовта кон најблиските членови на семејството, пријателите, партнерот и тн. Не дозволувајте едно разочарување од луѓето или скршено срце да направат да се оддалечите од другите и да не си дадете себеси шанса да бидете среќни.

Надеж

Не можеме ништо без надежта. Мртви сме во оној момент кога ќе ја изгубиме. Надежта ни помага да веруваме дека сè е можно на овој свет. Таа ни помага да ги пребродиме тешките моменти, да најдеме сила во нив, но и да си дадеме себеси инспирација за сите оние убави моменти и времиња низ кои минуваме. Животот не е секогаш розов, тој почесто е „падни-стани“, но само со надежта во себе можеме да живееме среќен и исполнет живот.