Вера Ванг објави празнични фотографиии со ќерките: Изгледате како три сестри

Date:

Модната дизајнерка Вера Ванг, за која луѓето не можат да поверуваат дека има 74 години, објави празнични фотографии со ќерките Џозефина (33) и Сесилија Бекер (30). Трите позирале во исти фустани, дизајнирани, се разбира, од Вера, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).

„Јас и моите девојки. Многу сме среќни заедно“, напиша дизајнерката,а фотографијата ги воодушеви следбениците.

„Три убави жени“, „Прекрасна семејна фотографија“, „Многу ми е убаво што ве гледам“, „Девојките се убави исто како мајката“, „Изгледаш сензационално! Наместо мајка и две ќерки, гледам три прекрасни сестри “, „Идентично изгледаш“, се дел од коментарите.

Вера на Инстаграм покажа и дел од празничната атмосфера во својот дом.

Вера на почетокот на оваа година откри што сака да јаде и вели дека таквата диета ја одржува младоста. Не се двоуми да јаде брза храна, а сака да пие и коктел со вотка.

“Јадам од „Мекдоналдс“, апсолутно. Нарачувам секој ден околу две недели, а потоа ја менувам исхраната”, ја открила својата исхрана Вера за „Пејџ сикс“ (Page Six). Обожава и крофни полни со крем и шеќер.

Вели дека напорно работи на себе. „Во суштина, јас работев цел живот, така што за мојот изглед е виновна работата“, рече Ванг, истакнувајќи дека мисли дека напорната работа ги одржува луѓето млади. „Работам многу, одгледав две ќерки. Мислам дека најдобриот лек за добро здравје е да се биде зафатен и да се најде работа“, додаде таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...