Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државатa

Date:

Проф. д-р Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата.

Преку соопштение тој испрати покана за медиумите за настан на кој ќе ги објави намерите за поднесувањето на кандидатура на претстојните претседателски избори.

На настанот, кој е закажан за в четврток, ќе биде промовирана и неговата интернет страна.

За да може воопшто да биде кандидат, а не според лична желба, Вело Марковски ќе треба да собере 10.000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници.

Поголемите партии сè уште немаат објавено кој ќе биде нивниот кандидат за шеф на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоск, изјави дека досега се искристализирале 22 имиња, но во периодот што следува тој список ќе биде намален. Меѓу имињата што најчесто циркулираат во јавноста се пратеничката Гордана Силјановска-Давкова и поренешниот пратеник Александар Спасеновски. И двајцата се од Правниот факултет во Скопје.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека на следните претседателски избори политичкиот концепт „Европски фронт“ од партии кои се залагаат за европска интеграција на државата ќе имаат заеднички кандидат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...

„Сапорт Кочани“ ја подели четвртата пратка компресивна облека, вредна 7.500 евра

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ продолжува со поддршката за повредените...

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците...

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека...