Велков: Ако Владата не го сопре Рудникот на смртта, ќе се радикализира отпорот

Date:

„На Владата и се дадени барања и рокови во врска со Рудникот на смртта. Отпорот ќе се радикализира неминовно и нужно, ако не се реализираат тие барања и рокови. Времето на зборовите истече. Времето на симболични протести и блокади исто така.“ – ова е клучниот дел од соопштението на Граѓанската иницијатива „Спас за струмичката долина“, кое повторно го објави еколошкиот активист Крум Велков спроти седницата на Владата на Македонија, закажана за денес, 18 јули 2023 година, која најави дека ќе ја преиспитува одлуката за спојување на двете концесии за експлоатација на бакар и злато во месноста Иловица за компанијата Еуромакс Ресурсес“. Владата има правна можност да ја поништи таа своја одлука.

„Предолго трае оваа агонија со Рудникот на смртта Иловица-Штука, но мора да ја сопреме и ќе ја сопреме. СИТЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ! Рудник на смртта – преку нас мртви!“ – се нагласува во вториот дел од соопштението на Граѓанската иницијатива „Спас за струмичката долина“, што го преобјави Велков на фејсбук, дополнително појаснувајќи ги, како што вели, и „тајните на рудниците на смртта“, кои ги крие „Погребалното претпријатие Еуромакс Ресурсес“:

Студијата за влијание врз животната средина за рудникот Иловица-Штука се уште е скриена од јавноста како „државна тајна“. Скриена е, затоа што најверојатно и логично во неа има препораки како следниве од Студијата за влијание врз животната средина за Казандол кај Валандово: 1. Редовни медицински прегледи на луѓето и стоката; 2. По потреба иселување на населението.

Едно време Еуромакс Погребално говореа дека ќе отвореле и болница. Ем да не трујат, ем да ни земаат пари. Колку отровно, нели? Ех, каква убава истрага ќе има еден убав ден!

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...