Величествено воведување на Светите Спасо и Спаса во Диптихот на Светиите

Date:

Викендов Македонската православна црква со релегиозна церемонија што се одржа во селото Вишни и Охрид ги впиша Светите Спасо и Спаса Вишенска во Диптихот на Светиите.

Свеченоста најнапред започна со архиерејска вечерна богослужба во храмот „Свети Атанасиј Велики“ во живописното струшко село Вишни со која чиноначалствуваше Епископот Антаниски г. Партениј.

По вечерната богослужба, владиката Партениј го изврши обредното измивање и очистување на чесните мошти на Светата Спаса Вишенска.

Овој чин, полн со духовна смисла и значење, е сведоштво за нашето внатрешно прочистување и обновување преку светите добродетели и подвизи на светителката, која со својата бескопмромисна љубов и саможртва за Христа го покажа патот на вистинското пожртвувано христијанско живеење, велат од Бигорскиот манастир.

Потоа чесните мошти беа свечено пренесени во соборниот храм на Охридската Архиепископија, Света Софија Охридска, каде што беа пречекани од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој ја изврши последната панихида за новојавените Светии Спасо и Спаса, според востановената пракса на Црквата.

Прославувањето на Светите Спасо и Спаса е живо сведоштво за непрекинливиот живот на светоста во Црквата Христова. Светиите низ вековите ни покажуваат дека Христовиот пат е пат на љубовта, на пожртвуваноста и на смирената послушност. Со впишувањето на Светите Спасо и Спаса во Диптихот на Светиите, нивниот свет пример и молитвено застапништво стануваат извор на благодат и утеха за сите нас, истакнуваат од Бигорскиот манастир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПОДГОТОВКИТЕ НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА (42)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...