Велигденска трагедија во Австралија: Едногодишно бебе се удави при „лов на јајца“

Date:

„Ловот на велигденски јајца“ се претвори во трагедија кога едногодишно момче паднало во поток и подоцна починало.

Детето било извлечено во несвест од реката Мала Пара во Паралуи, северно од Аделаида, Австралија околу 9 часот наутро во неделата.

И покрај максималните напори на итната помош, која извршила CPR на момчето, тоа вчера попладне починало во болница.

Надзорните снимки направени во неделата наутро покажуваат дека момчето и, како што се верува, неговиот постар брат, талкаат по улицата кон потокот, кој бил оддалечен 300 метри, очигледно барајќи велигденски јајца.

Набргу потоа, родителите на момчето започнале избезумена потрага по своите деца и биле толку испаничени што својот црн автомобил го превртеле во каналот. Соседот Триста Колеф за 7News изјавила дека биле сведоци на катастрофална сцена откако момчето било пронајдено.

-Излегов и ја видов брзата помош која го реанимира детето. Кога ја видов мајката како плаче, морав да влезам внатре. За мене беше трауматично, навистина бев потресена – вели госпоѓа Колеф.

Друг сосед Рајан Нуске изјавил за Adelaide Advertiser дека го видел „таткото како оди по улицата и изгледа како да е во паника“.

– Кога стигнав таму, момчето штотуку беше извлечено од водата – рече тој.

Потокот, кој е нормално сув, течел само затоа што во последните три дена по ред наврнале 11 милиметри дожд.

Градоначалничката на Солсбери, Џилијан Олдриџ се спротивстави на повиците за оградување на потокот и рече дека луѓето секогаш треба да бидат внимателни кога децата се во близина на вода.

Една црвена роза е оставена како спомен на местото каде што автомобилот на семејството удри во насипот.

Полицијата соопшти дека ќе биде изготвен извештај од вештак.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...