ВАТАША ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ, ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Одбележани 80 години од невидениот масакр

Date:

На 16 јуни 1943 година, пред 80 години, за време на Втората Светска Војна, беше извршен масакр врз дванаесет млади Македонци од кавадаречкото село Ваташа.

Со цел да се спречи народно-ослободителното движење во Македонија, бугарскиот фашистички окупатор во близина на Моклиште кај месноста Чаир, на 12 километри од Ваташа стрела 12 млади Македонци од селото Ваташа, кавадаречко, на возраст од 15 до 27 години возраст.Дванаесетте убиени млади Македонци од селото се: Перо Видев (15), Ванчо Гурев (19), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Ѓондев (18), Блаже Ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџиjорданов (28), Диме Чекоров (20) и Пане Џунов (18).

„Во предвечерието на најголемиот масакр во Втората светска војна, кога свирепо беа стрелани 12 Ваташки младинци, жителите на селото Ваташа вечерва со пригодна програма ќе им оддадат достојна почит на младите животи кои го дадоа својот живот за татковината.

Да не се повтори…

Да нема ваков настан…

Да не се заборави!“ напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на Фејсбук.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...