Со двата натпревари одиграни попладнево во Гостивар и Скопје, комплетирано е 6.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерите на Вардар се израмнија на врвот на табелата со Струга Т.Л., а го минаа кратовски Силекс кој падна на третата позиција.
Арсими – Вардар
На гостувањето во Гостивар, Вардар славеше против Арсими со 4-1 и ја впиша петата победа, колку што имаат стружани и кратовци.
Вардар победата ја најави уште во 10-тата минута преки расположениот Роџерс Мато кој го постигна првиот од трите негови гола денеска. Веќе во 29-тата минута, Матиќ зголеми на 2-0, а во 34-тата Мато на 3-0.
На самиот почеток на вториот дел, репрезентативецот на Уганда и трет пат ја затресе мрежата на Арсими зголемувајќи на 4-0. Од 58-минута вардарци останаа со играч помалку откако Најдовски направи прекршок за пенал, кој домаќините не го искористија. Домашниот тим во 65-минута успеа да ја затресе вардаровата мрежа, но голот не беше признат поради офсајд. Сепак, голот на Рамадани во 71-минута беше регуларен, па Арсими ублажи на 1-4.
Работнички – Пелистер
Во Скопје, на арената „Тодор Проевски“ тимот на Работник ја забележа првата овосезонска победа, Популарните „романтичари“ славеа во дуелот со битолски Пелистер со 3-0.
На првиот гол се чекаше половина час, односно до 30,минута кога Флоријан Кадриу ја искористи брзата акција и им донесе предност на домаќините. Во 43-тата минута, повторно по брзата, но соло акција, Димитар Трајков со ефектен гол зголеми на 2-0. Во вториот дел, односно 75.минута, Кадриу повторно се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 3-0 за Работнички.
ПМФЛ 6 коло – комплетни резултати
АРСИМИ – ВАРДАР 1-4
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-0
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА 1-1
БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 2-0



