Вардар после 18 години го освои Купот, Михаил Талевски израсна во херој

Date:

Најтрофејниот македонски клуб Вардар после 18 години го освои трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето на Националната Арена Тодор Проески ја совлада Струга Трим Лум со 2-0. Така, “црвено-црните” на одличен начин ја завршуваат сезоната која стартуваше резултатски лошо.

Во херој на вардарци се претвори младиот офанзивец Михаил Талевски кој беше двоен стрелец.

Струга ТЛ не го покажа на терен целиот свој квалитет во ова финале. Стружани имаа две шанси на почетокот да дојдат до водство, но не ги искористија.

Марјан Радески излезе сам пред Талески, но забави кога беше најпотребно и одбраната на Вардар добро реагираше, расчистувајќи ја опасноста.

По корнерот од левата страна, топката дојде речиси до гол-линијата, но повторно на крајот заврши во рацете на Давор Талески.

Во 27.минута, Вардар дојде во водство. Акцијата по десната страна ја следеше одлично Михаил Талевски, кој од прва реагираше на центаршутот и ја смести топката во долниот лев агол на голманот Ќосевски.

На почетокот на вториот дел, нов блесок на Михаил Талевски. Во 48.минута, тој ја надмудри одбраната на Струга ТЛ, шутираше со десната нога од 14 метри и ја погоди мрежата.

Илчо Ѓорѓиоски потоа во игра ги внесе Басиру Компаоре и Ланре Кехинде, кој имаше две шанси да го намали резултатот, но Давор Талески успеа да одбрани.

Навивачката група “Комити”, која е во војна со раководството на клубот, си замина од Западната трибина пред крајот на финалето. Остави и порака до фудбалерите, дека се “послушници”.

Со ова продолжуваат недоразбирањата на релација клуб – навивачи, дури и во деновите на славје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...