Вардар повторно помеѓу најдобрите, се враќа во првата лига

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Најтрофејниот домашен фудбалски клуб Вардар се врати во прволигашката конкуренција откако го совлада градскиот ривал Скопје со 3-0 (1-0) во баражот за место во Првата македонска лига (ПМФЛ).

Фудбалерите на Вардар влегоа силно мотивирани во натпреварот што се одигра на неутрален терен во Кавадарци, и дојдоа во водство веќе во 4. минута со голот на Дарко Размоски.

Црвено-црните во продолжението на првиот дел пропуштија уште неколку изгледни шанси за гол, а задачата на Скопје да се врати од резултатската негатива дополнително го отежна исклучувањето на Миле Тодоров во 35. минута. Фудбалерот на Скопје доби директен црвен картон откако врати на трибината факел што претходно на теренот го фрлија навивачите на Вардар.

Предноста на Вардар ја удвои двојниот стрелец Размоски (49 минута), а десет минути подоцна капитенот Дарко Глишиќ биеше прецизно за конечни 3-0 и десеткратниот македонски шампион по две сезони во второлигашката конкуренција се врати во ПМФЛ.

Претходно нови прволигаши станаа Воска и Гостивар, а во Втората лига се пресели прилепска Победа.

Шампионската титула, прва во клупската историја, ја освои Струга, трофејот во Купот го одбрани Македонија Ѓорче Петров, а настап во европските купови изборија и Шкупи и Шкендија.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...