Вардар го совладаа бундеслигашот Мелсунген, иако губеше и со шест разлика

Date:

Ракометарите на Вардар ја постигнаа првата победа од главната фаза во Лига Европа откако вечерва го совладаа германскиот тим Мелсунген со 37:33. Со оваа победа Вардар се израмни бодовно со Бенфика во групата 3.

Гостите од Германија по 3:3 направија серија од 7-1 за водство од 10:4. Во тој период избраниците на Иван Чупиќ правеа многу технички грешки, но сепак во завршницата на првиот дел го намалија водството на ривалот за 18:19 на полувреме.

На стартот од вториот дел Вардар дојде до минимална предност, а по 26:26 „црвено-црните“ имаа серија од 5-1 за водство од 31:27 што беше најава за победата.

Јака Малус кај Вардар со 10 голови беше најефикасен, додека на дуелот најпрецизен беше Рејнир Стефансон со 12 гола. Одличен на голот на Вардар беше Милош Валах со 14 одбрани, од кои неколку во клучните моменти кога се „кршеше“ резултатот.

На вториот дуел од групата Кристијанстад – Бенфика 34:38.

Мелсунген и после поразот остана на првото место со 6 бодови, Вардар и Бенфика имаат по 4, а Кристијанстад 2.

Во следното коло Вардар на 3.март ја пречекува Бенфика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...