Ракометарите на Вардар денес на свој терен ќе го пречекаат словачкиот шампион Татран Прешов во рамки од 3. коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
Избраниците на Владо Недановски во досегашниот тек од новата сезона во СЕХА лигата имаат забележано една победа и еден пораз, а токму од тимот на Татран Прешов беа поразени на почетокот во регионалното натпреварување.
Избраниците на Владо Недановски доколку посакуваат освојување на првото место во групата, на денешниот дуел ќе треба да го дадат максимумот и да триумфираат со пет гола разлика, но и во последното коло, против тимот на Партизан, да не направат кикс.
Дуелот меѓу Вардар и Татран Прешов се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]