Вардар во дербито го победи Пелистер

Date:

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14).

Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место.

Вардар во целост го контролираше дербито, во раната фаза црвено-црните дојдоа со водство 9:5, Пелистер се доближи и на гол минус, но најчесто разликата беше два гола во корист на Вардар.

Вториот дел му припадна на Пелистер, негoвиот воведен дел, со три гола Битолчани изедначија (18:18), но Вардар одговори на ист начин. Успеа повторно Пелистер да се врати на 21:21 имаше и напад за водство, не го искористи по што следуваше уште една серија на црвено-црните од 3:0.

Во последните 20 минути се „појавија“ и голманите Валах и Митревски, кои имаа неколку брилијантни интервенции. Клучната одбрана ја имаше голманот на Вардар, кога му одбрани пенал на Манасков и спречи израмнување.

Замата завршница му припадна на поранешниот репрезентативец Талески, кој со два гола ги реши дилемите околу кончениот победник.

Боно, Тузолана и Малус со по шест гола го предводеа Вардар, голманот Валах имаше девет интервенции. На спротивната страна најдобри беа Митревски со осум одбрани и Манасков со девет голови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...

Кумановец му се заканувал на Мицкоски преку пораки дека ќе го убие, обвинителството бара притвор

Триесет и деветгодишен жител на кумановското село Черкези е...