Вардар беше на чекор до сензација, па се распадна во продолжението

Date:

Уште една европска вечер на македонскиот шампион Вардар која што неговите навивачи нема да ја помнат по добро.

Актуелниот македонски шампион вечерва во Рига, Летонија, во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, загуби од домаќинот Рига со конечни 5:2, и е елиминиран од понатамошното натпреварување.

Откако во Скопје, Вардар загуби со 2:3, во Рига имаше историска шанса за пласман понатаму затоа што имаше водство од 0:2 до 87. Минута и резултат за пласман понатаму но не го издржа домашниот притисок и тоа со играч помалку. Останува горчината во душата на вардаровите навивачи дека вечерва „црвено – црните“ имаа огромна шанса за елиминација на противникот но ете истото не се случи.

Вардаровата приказна во Рига вечерва започна со шансата на Росригез, која што заврши со одбрана на домашниот голман. За потоа Рига да се закани преку Ауани, односно Пауло Едуардо, но Давор Талески во таа почетна ситуација на висина на задачата.

Диоп беше следниот кој се закани, но Талески и овојпат одлично брани и го чува голот на Вардар. Ауани ја имаше ситуацијата во 22. Минута, еден на еден со Талески но и овојпат чуварот на мрежата на Вардар непогрешлив.

Волејот на Бабунски донесе водство

Во 17. Минута се случи првиот од двата клучни моменти во привот дел. Пуелио одлично центрира во срцето на шеснаесетникот, а таму на пеналтикот топката од прва ја начекува Давид Бабунски. Прв прва со лева бие и маестрално погодува во мрежата на Рига.

Најдовски добива директен црвен картон

За жал, само две минути подоцна, грешката на Матиќ, ја доведе Рига во зицер ситуација каде што Бадамоси излегуваше сам пред Талески, а Најдовски во обид да го спречи најлошото, го собори со прекршок. Главниот судија без двоумење му покажа директен црвен картон. Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани веднаш реагира со измена, го внедува Дарко Велковски на местото стопер.

Рига потоа до крајот на првиот дел, имапе опсада на голот на Варрдар, го подоги и дирекот но не успеа да реализира.

Омерагиќ за двојно водство на Вардар

Второто полувреме стартуваше со идентична ситуација како што заврши првото. Рига со некаква иницијатива која што во тие моменти донесе само удари од далечина кои што пак Талески ги осуети.

Во 66. минута Герсон Родригез поведе еден контра напад во кој што одкосо изби во шеснаесетникот на Рига. Шутираше, а голманот на Рига успеа да одбие во поле. Топката стигна до Омерагиќ кој што не успеа најдобро да реагира во првиот обид кога топката се одби повеќе од него. Голманот на Рига повторно брани и топката повторно се одбива до Омерагиќ кој што овојпат подготвен ја дочекува ситуацијата и погодува за 0:2.

Следуваше период на неколку обиди на домаќинот но Талески и овојпат на висина на задачата.

Таиво со гол намалува на 1:2

Оргомниот притисок на домаќинот во послендите дваесетина минути резултираше со гол за домаќинот кој што го одведе дуелот во продолженија. Акцијата од десно ја одведе топката на петерецот, а резервистот Таиво реализира во мрежата на Талески.

Примен гол во првиот напад од продожението

Штета. Само што стартуваше првото продолжение од дуелот Рига постигна гол. Реално, лошата реакција на Јанкулив, Велковски и Матиќ во одбраната му дозволи на интернационалецот од Тунис, Раки Ауани кој што реализира за 2:2, или во тој момент вкупни  5:4.

Јаго Сигуера го носи домаќинот во водство

Во самиот финиш на првото продолжение, од аут ситуација, Рига успеа да ја донесе топката до Јаго Сигуеира кој што со одмерен удар од дистанца погодува во мрежата на Талески за 3:2 на овој меч.

Домаќинот ја потврдува елиминацијата на Вардар

Во 109. минута од мечот, кога очигледно беше дека Рига оди да го осигура пласманот понатаму, Региналдо Рамирез искористи една мешаница пред голот на Вардар и реализираше за 4:2.

Во 117 минута Каио Фереира ги постави конечните 5:2

Рига – Вардар  5:2 (по продолженија)   (1:2) (0:1)

Вкупен резултат: 8:4

Стадион Сконто

Главен судија: Г.Кикачешвили (Грузија)

Стрелец: Таиво 87, Ауани 92 (Р) Бабунски 17‘ Омерагиќ 66 (В)

Рига: Оролс, Јурковскис, Паулос, Мусах, Салазар, Диоп, Јаго, Анкрах, Гаио, Аоуани, Бадамоси

Вардар: Талески, Јанкулов, Матиќ, Најдовски, Јанкулов, Кастанеда, Бабунски, Пуелио, Омерагиќ (Закариќ 69), Пиреш (Велковски 22), Родригез

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...