Професорката Билјана Ванковска, на својот фејсбук профил напиша зошто и по толку години таа е против рамковниот договор.
„Овој ден не е за славење. Овој ден е за сеќавање на сите бесмислени и веќе заборавени жртви од 2001 година.
Ова е ден во кој треба да се прашаме: за што гинеа? Колкумина загинаа? Зошто воопшто им требаше насилство? Дали е насилството зад нас или можеби се трансформира во друг облик на структурно и културно насилство?
И најважно од се’: каде се коските на “исчезнатите”?, стои во нејзината објава во која е јасна дека од секогаш била и останала против Рамковниот договор.
ВАНКОВСКА ЗА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР: „Овој ден не е за славење, каде се коските на исчезнатите?“
