Ванеса Брајант ќе добие 28,85 милиони долари отштета за споделените фотографии од хеликоптерската несреќа

Date:

Округот Лос Анџелес се согласи да им плати на Ванеса Брајант и на трите нејзини ќерки речиси 30 милиони долари за да ги решат судскиот спор и потенцијалните побарувања во врска со споделувањето графички фотографии од хеликоптерската несреќа во јануари 2020 година во која загина нејзиниот сопруг, кошаркарската ѕвезда Коби Брајант, и една од нивните ќерки, стои во судскиот документ поднесен во вторникот.

Спогодбата вклучува 15 милиони долари што ѝ ги додели поротата во август, со дополнителни средства за намирување на потенцијалните побарувања од страна на нејзините ќерки.

„Денеска се одбележува успешната кулминација на храбрата битка на госпоѓа Брајант да ги повика на одговорност оние што се вклучија во ова гротескно однесување“, се наведува во соопштението на Луис Ли, адвокатот на Брајант.

„Таа се бореше за својот сопруг, својата ќерка и сите оние во заедницата чии починати семејства беа третирани со слично непочитување. Се надеваме дека нејзината победа на судењето и оваа спогодба ќе стави точка на ваквата практика“.

Вдовицата на кошаркарската ѕвезда Коби Брајант го тужеше округот Лос Анџелес откога некои од вработените споделија графички фотографии од несреќата во која загинаа нејзиниот сопруг и една од нивните ќерки. Таа тврдеше дека живеела во страв оти фотографиите од несреќата ќе се појават на интернет, каде што нејзините деца би можеле да ги видат.

На 26 јануари 2020 година Коби (41) и неговата ќерка Џана (13) беа во хеликоптерот со уште седум лица кога тој се урна во услови на магла надвор од Лос Анџелес. Сите патници загинаа. Набргу потоа Ванеса Брајант дозна дека некои вработени во пожарникарската служба и шерифовиот оддел споделиле експлицитни фотографии од човечки останки од несреќата.

Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес се согласи да му плати на семејството Брајант 28,85 милиони долари за да ги реши тужбата и потенцијалните идни барања на вдовицата и нејзините ќерки.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...