На улица во Барселона, Шпанија, неодамна бил поставен семафор за велосипедисти кој веднаш им го привлекол вниманието на многумина. На него се наоѓаат дури 16 различни опции. Вкупно осум полиња од семафорот се насочени во една насока, па можеби и не изгледа конфузно за велосипедистите од таа насока.

Меѓутоа, гледано од агол од кој може да се видат сите опции на семафорот, овој збир од насоки и светла изгледа збунувачки. Некои изјавиле дека семафорот ги потсетува на „Тетрис“. Сепак, доколку се погледне внимателно, може да се забележи дека семафорот не е толку тежок за разбирање. Тој покажува дека постои посебна регулација за секоја од насоките и покажува дали може да се движат во одредена насока или не.

– Ништо тука не измисливме, само ги посочивме сите можни опции – изјавиле од градската управа.