Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, на сите им е добро позната по провокативните модни комбинации кои ретко кој остава рамнодушен.
Во последните неколку дена, таа поминува време со нејзината сестра Анџелина, која на Инстаграм ја покажа, можеби, најпредизвикувачката комбинација на Бјанка досега.
Анџелина ја фотографирала својата сестра на предното седиште од автомобилот. За време на возењето, таа носела само гаќички во боја на кожа и „искината“ маичка која едвај ги покривала нејзините бујни гради.
Судејќи по фотографијата, таа носела и хулахопки во боја на кожа, со кои често ги комплетира своите комбинации.
Вака уште еднаш ја покажа витката линија со која често се фали на излегувањата. Иако некои се воодушевени од нејзините комбинации, многумина ја критикуваа поради нив. Меѓу нив е и поранешната сопруга на Вест, Ким Кардашијан, на која ѝ пречи тоа што Ценсори се дружи со ќерка ѝ Норт во, според неа, несоодветна облека.
Наводно, како што пренесува „Сан“, Кардашијан побарала итен состанок со неа и раперот за да разговараат за нивното однесување. Ријалити ѕвездата верува дека тоа веќе не е „здрава средина“ за нејзините деца и сака да разговара со парот за правилата.