Бугарија со години врши невиден притисок врз Македонците во Албанија

Date:

Македонското друштво „Илинден“-Тирана најостро ги осуди изјавите на Софија со кои населението во областа Мала Преспа го претставува како бугарско.

Во редицата контроверзни активности за претставување на Македонците од Албанија како бугарско малцинство е и последното организирање бесплатни кардиолошки прегледи за Македонците во селото Пустец.

Македонското национално малцинство излезе со своја реакција во однос на последната бугарска провокација, како што тие самите ја нарекуваат. Меѓу првите што излегоа со реакција беше македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое најостро ги осуди изјавите во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско.
– И на Македонците низ цела Албанија им е јасно дека најавената акција за бесплатни прегледи на пациенти треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари на претстојниот попис во Албанија. За Бугарија, како држава, еден од приоритетите при докажувањето дека Македонците во Македонија се Бугари претставува и одржувањето на монструозната измислица дека ние, Македонците од Албанија, ќе се побугариме и дека тие што ги имаат нашите лични податоци ќе ги искористат и од нас ќе направат Бугари на хартија со измама на пописните резултати – се наведува во реакцијата на македонското друштво „Илинден“-Тирана


Во реакцијата на споменатото друштво се изразува и жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарска страна на сметка на македонското население во Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени.
– Притоа, цената на уцените од страна на Софија кон Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци – се наведува во реакцијата на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕНЧЕВ ИФРИТ: Папата Франциск кажа дека Македонците се различен народ од Бугарите

Бугарскиот новинар Велизар Енчев, кој е и поранешен пратеник...

Измамите на граѓаните преку пораки не престануваат

Онлајн измамите продолжуваат да ги загрижуваат граѓаните. Еден од...

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во...