За 650 евра и за две години се добива бугарски пасош и отворена врата за Европа. Со вакви текстови по социјалните мрежи се рекламира преку огласи во кои посредници од Македонија нудат бугарско државјанство и пасош, пренесува ТВ Алфа.
Целата постапка оди преку нив, тие се добро упатени и имаат релации со бугарските институции. Сега постапката е поригорозна поради затегнатите односи на релација Скопје – Софија. Претходно, според неговото работно искуство како посредник, многумина со леснотија ваделе документи иако не ги исполнувале условите за да станат Бугари.
Посредникот е оптимист дека со влегувањето на Бугарите во Уставот, исто како и во Србија така и кај нас, со една изјава во Управата за матични книги ќе може да се извади нов извод со бугарска националност.
Истиот ваков став го дели и скандалозното бугарско здружение Фондација Македонија од Софија кои се повикаа на етничката графа на новите изводи на кој инститаше министерот Лога, но иницијативата падна на Уставен. Од здружението ја засилија реториката во која наведуваат дека отсега натаму Македонците само со 250 денари и нов извод може да станат Бугари.
Во 2021 Бугарија издала 7.696 пасоши на Македонци, а во 2020 на 9.098.
Бугарија преку перфидни реклами ги притиска Македонците – посредници нудат бугарско државјанство и пасош
