Бугарија го повикала на консултации во главниот град својот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Според министерството,причината за неговото привремено враќање во Бугарија е сериозната состојба во однос на правата на бугарите во Македонија и ескалацијата на дејствијата и злосторствата од омраза против нив во последните месеци – подметнувањето пожар на културниот клуб „Иван Михаилов“ во Битола во јуни 2022 година, како и три последователни напади врз зградата на организацијата „Цар Борис III“ во Охрид, пренесува БТВ.