Бугарите се обидуваат да го саботираат месецот на македонско американско наследство

Date:

Обидувајќи се да го саботираат месецот на македонско американско наследство, Бугарите најверојатно ќе останат без месецот на бугарско американско наследство.

Ова веројанто ќе биде резултатот од скандалозното писмо на нивниот конзул во Чикаго до гувернарката на сојузната држава Мичиген во кое ја навредува македонската нација.

Од друга страна чествувањето на македонската култура во Мичиген ќе продолжи иако на официјалната интернет страница на гувернерката е отрстранета прокламацијата.

Од Обединетата Македонска Дијаспора велат наместо иселениците од соседните земји да соработуваат и заедно да се борат за поголема видливост во американското општество, официјална Софија меша билатерални односи и спорови и онаму каде не им е местото.

Обединетата Македонска Дијаспора е во исчекување и на одговор од страна на ФБИ каде го пријавиле конзулот за транснационална репресија.

Тој пак бара средба со тимот на гувернерката за да се дообјасни.

Инаку во писмото освен што Македонците во Америка ги нарекува бугарски Американци, изразува и загриженост дека прокламацијата ќе се искористи за присвојување на нивното културно наследство. Во писмото конзулот објаснува дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовирала нова македонска етничката припадност“.

„ Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година“, се вели во писмото на Светослав Станков, конзул на Бугарија во Чикаго.

Како по обичај македонското Министерство за надворешни работи нема никаква реакција ни на оваа провокација која дојде од бугарскиот конзул во Чикаго.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...