Брус Спрингстин ги одложи концертите во Франција, Чешка и Италија поради здравствени проблеми.
Брус Спрингстин и „The E Street Band“ ги одложуваат своите настапи во Прага и Милано по медицински совет, а европската турнеја продолжува на 12 јуни во Мадрид.
На социјалните мрежи беше објавено дека дополнителните прегледи и консултации ги навеле лекарите до заклучок Брус да не настапува во наредните десет дена.
„Имајќи го тоа на ум, неопходно е да се одложи концертот во Прага и оној на стадионот „Сан Сиро“ во Милано. Новите датуми на овие концерти ќе бидат објавени наскоро. Оние кои сакаат рефундирање ќе можат да го добијат на местото каде што ги купија билетите, Брус се опоравува, а тој и „E Street Band“ со нетрпение очекуваат да ја продолжат својата исклучително успешна турнеја на европските стадиони“, пишува во соопштението.