Брук Шилдс: Том Круз престана да ми испраќа божиќна торта

Date:

Брук Шилдс откри дека добивала божиќен подарок од Том Круз 10 години по ред, но подароците мистериозно престанале да пристигнуваат.

Имено, ѕвездата на „Топ ган“ на своите пријатели од А-листата традиционално секој Божиќ како празничен подарок им праќа луксузна торта со кокос од 126 долари. Некои од ѕвездите, кои претходните години можеа да уживаат во ова слатко задоволство, се Анџела Басет, Мајлс Телер, Кристен Дастин и Хенри Кавил.

Шилдс за магазинот „Пипл“ откри дека не му се лути на Круз, но дека би сакала да се врати на списокот.

„Бев на списокот некое време. Секоја година добивав торта со кокос“, рече таа и додаде дека подарокот престанал да доаѓа со текот на времето како што актерот сè повеќе се оддалечувал од неа.

Поранешните пријатели – Шилдс и Круз – се зближија кога актерот ја пречека ќерката Сури во истата болница каде што Шилдс го роди своето второ дете. Шилдс дури беше поканета на раскошната италијанска венчавка на Круз и неговата сега поранешна сопруга Кејти Холмс.

Нивните семејства биле толку блиски што таа и Круз организирале заедничка прослава на првиот роденден на нивните деца. За тоа време, Шилдс секој Божиќ добивала луксузен десерт, кој доаѓал со честитка од семејство.

Подарокот со текот на времето сè поретко пристигнувал на нејзината адреса додека не престанал целосно, но актерката му порача дека сака да се врати на списокот. „Тоа е најдобрата торта. Том, морам да се вратам на списокот“, му порача таа.

Според „Мирор“, Шилдс престанала да добива торта од Круз откога тој го отстранил името на ќерката Сури од божиќната честитка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...