Бројот на странски туристи во првите пет месеци зголемен за 23,6%

Date:

Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи, се нагласува во денешното соопштение на ВМРО- ДПМНЕ.

„Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд.

Според најновите показатели Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%.

Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година“, се нотира во соопштението.

Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам.

Поголем број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници.

Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор.

Посебен фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и отворање нови работни места“, се наведуваат дел од можностите и придобивките од развојот на туризмот.

Туризмот е двигател на локалниот економски развој, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики, инвестиции и мерки кои носат резултати.

„Со јасна визија и континуирана поддршка, продолжуваме да ја градиме Македонија како модерна, конкурентна и атрактивна туристичка дестинација, со повеќе туристи, повеќе инвестиции, нови работни места и посилен економски развој“, наведуваат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...