Бројот на жртви во Киев порасна на 21, меѓу нив и четири деца

Date:

Бројот на загинати по руското ракетирање на Киев синоќа се искачи на најмалку 21 лице, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина, пренесе „Скај њуз“. Меѓу жртвите има и четири деца, вклучувајќи и двегодишно.

Нападот предизвика значителна штета, меѓу другото и на просториите на Делегацијата на Европската унија и на Британскиот совет во Киев. Сепак, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Левит, во воведното обраќање на брифингот во Белата куќа воопшто не го спомена нападот, фокусирајќи се наместо тоа на внатрешни теми од САД.

На новинарско прашање дали Белата куќа го смета Владимир Путин за пречка за мирот, Левит изјави дека Трамп не е среќен поради нападот, но не е ни изненаден. „Тоа се две земји кои одамна се во војна. Русија го изврши овој напад врз Киев, а од друга страна, Украина неодамна нанесе удари врз руски нафтени рафинерии,“ рече таа.

Портпаролката повтори дел од ставовите на претседателот, истакнувајќи дека Трамп сака крај на војната, но „и лидерите на двете земји мора да покажат волја за прекин на судирот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

THE DESTINY OF THE MACEDONIAN PEOPLE AND ITS CHURCH (33)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” ...

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...