БРОЈНИТЕ КУЛТУРНИ ДОСТИГНУВАЊА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (16)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Богатата содржина на гробниците на Филип и Александар Македонски од слонова коска, исто така садовите и деловите од намештај и украсните предмети од бронза, железо, сребро и злато, даваат слика на висок материјален и духовен развој. Овие народи претставуваат значаен извор на информации за проучување на историјата на Македонија, како и тоа дека Македонците не биле „варвари”, како што ги обвинувал Демостен, туку биле не само добри и храбри војници и војсководци, туку и државотворен народ, со современа култура, но и цивилизацијата на новата ера, а пред сè била лулка на новата култура на Европа.


Покрај митолошкото, и симболичното изразување било присутно во културата на Македонија во вид на маскоти, односно амблеми. Во митот за Озиросовото потекло на Македон, се истакнува дека тој како амблем носел волчја глава, додека брат му Анубис, кучешка. Во митот за основачот на Аргеадската династија, Пердика I, како маскота имал глава од коза со сребрени рогови. Козата во симболизмот го дефинира теолошко-филозофското и естетскоуметничкото изразување на спретност, склоност кон слободата и молњата.

Иначе козите на луѓето од пророштвото Делфе им обрнале внимание на местото каде избивале пари од утробата на земјата и каде козите примамени почнале да играат. Поттикнати од тие игри, луѓето го сфатиле божественото значење на козите, но и на парите кои доаѓаат од земјата, па за да ја објаснат оваа теофанија го основале пророштвото.


Делфиското пророштво, после Додонското, тогаш водечко на Балканот, го советувало Пердика I таму каде што ќе здогледа снежнобели кози со сребрени рогови, да основа град. Се работи за градот Еге, стара македонска престолнина. Еге (бел град, блескав, уште и козји) уште се викал Милобот (милон, ситна роба, стадо овци и кози; и од боско-пасе; и вотер-овчар), што значи место кое се занимава со овчарство. Сето ова значи му се случило на Пердика на свето место за Македонците, на нивната Света Гора на Пиерија, под покривот на Олимп и нивниот Пантеон.
Симболиката на лавот била исто така присутна во македонската хералдика (наука за грбовите).

Симболизмот на сонцето како универзален знак на кралот, бил присутен и во македонските династии. Сонцето е божествена работа зашто е извор на светлина, топлина и живот. Во иконографијата сончевите зраци претставуваат небесни и духовни влијанија кои ги примаат земјата и поединецот, а илустрирани се како прави или брановити црти. Така на пример, на една икона косата на кралот Минд прикажана е како сонце со сончеви зраци.


Симболизмот на сонцето е прикажан и на карпестата уметност во Македонија, која потекнува помеѓу 3-400-1.800 година п.н.е. Сонцето е обликувано во вид на круг со крст внатре, а во центарот на вкрстувањето постои поголема дупка, или без неа. Со ова уметниците од тој период прикажале дека целиот сончев систем е детер-миниран со законот на златниот пресек, што го покажува и современата наука за сончевиот осцилаторски процес (Томиќ, Коруга, 2002 година).


Меѓутоа, најубав симбол на божестеното и животворното сончево зрачење е прикажано на ковчегот на кралот Филип II , кое во археологијата и современата историја влегло како сонце на Вергина (Кутлеш, Палатица).
Археолошките истражувања на локалитетот Вергина (Кутлеш, Палатица), во подножјето на Пиерија, односно областа Ботиаја, ја откриле материјалната култура на градот Еге од праисторијата и некрополата на македонските кралеви (Андроникос, 1969, 1979 и 1985). На златниот ковчег на гробот на Филип II Македонски, на надворешната страна на капакот, најдена е златна интарзија (уметнички украсуван предмет од дрво) на сонце со шеснаесет златни прави зраци, и тоа од осум помали и исто толку поголеми. Ова златно сонце е протолкувано како традиционален симбол на македонската Аргеадска династија од Орестида (Костур).
За генезата на симболиката на сонцето и сончевите зраци во историјата на Македонија, најубав опис дава Херодот (VIII, 137), кој истакнува дека сончевите зраци манифестираат слобода, всушност слободата како награда на кралот Лебеј на Пердика I, каде се изнесува:„Тој ги повика слугите (тројца потомци на Темен) и им нареди да ја напуштат неговата земја.


Тие пак му соопштиле дека ќе си отидат веднаш штом ја примат платата која ја заслужиле. Кога кралот чул дека тие бараат плата, многу се налутил и бидејќи сонцето ги фрлало своите зраци во куќата низ отворот на кровот, од каде минувал чад, им рече, бидејќи божеството ги навело на таа лудост, покажувајќи со раката на сонцето: „Ете, тоа е платата која што сте ја заслужиле и која ви ја давам”. Најмладиот Пердика, бидејќи случајно имал меч, рекол: „Се согласуваме кралу да го примиме тоа што ни го даваш”, па со нож го нацртал тоа, трипати ги грабна сончевите зраци во својот скут и отиде”.


Божествените симболизми биле присутни кај Македонците и за време на Александар Велики Македонски. Така, македонскиот војсководец е прикажуван со овновски рогови на челото на богот Амон, додека неговиот коњ Букефал (главобик) со рогови на бик, веројатно на египетскиот бог Апис.


Симболизмот исто така бил присутен и подоцна, на пример кај Александровиот војсководец Селеук I (312-281 година), каде на опачината на сребрената тетрадрахма, како боженствен знак, е прикажана главата на Бу-кефал со натпис „Басилеос Селеукос”.


Во Аргеадската династија на Македонија, религијата имала голема улога во приватниот и во јавниот живот. Македонците ги сочувале своите традиционални, митолошки и верски сфаќања на архетипскиот тотемизам и полилатрија.


Македонските племиња, заедно со своите еолски соплеменици од големото семејство Бореи и Хипербореи, со миграцијата од својата Панонска прататковина во неолитот на југ, каде биле создадени еколошки услови, ја донеле со себе својата антропоморфска полилатрија на панонските богови. Во претходни лингвистички, праисториски и митолошки истражувања (Шкокљев, А. и Шкокљев И., 1996 и 1997 година) востановивме дека називите кои постојат во хидролошкиот систем на Среден Дунав во Панонија, претставуваат алегорија на сиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата „Теогонија” и „Козмогонија” на Олимпискиот Пантеон на боговите. (I дел)


Македонците и Еолците, во новите услови на географската околина, поинакви отколку во Панонија, своите хидролошки богови виртуелно ги качиле на својата најголема планина и му го дале името Олимп, што на древниот македонски јазик значи многу опеана (осн. или олос или овлос: цел, сиот, плус, химнос: химна, плус, посе, пои, поиео: прави, твори, призведува)
Покрај тоа, тие на своите богови во облаците на Олимп им направиле раскошни палати и ги снабдиле со најдобри јадења како и со нектар и амброзија, да бидат бесмртни.


Од тие височини таткото на боговите Зевс-Диас, владеел суверено во кругот на семејството на олимпските богови: Хад, Хера, Посејдон, Ареј, Хефест, Аполон, Артемида, Афродита, Деметра, Хестија и Хермес. Тука се уште Хелие, Темида, Лето, Дионис и други пониски божества, кои им служат или ги развеселуваат Олимпјаните. Диас сè гледал, сè знаел и сè можел. Од македонскиот Олимп, Зевс фрлал молљи, и праќал снегови, ветрови и олуи.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...