Бритни Спирс откри дека абортирала за време на врската со Тимберлејк

Date:

Поранешната светска тинејџерска музичка ѕвезда, Бритни Спирс во своите мемоари „The Woman in Me“ кој наскоро треба да бидат објавени откри дека за време на врската со Џастин Тимберлејк останала бремена, но абортирала, пишува магазинот „People“.

– Многу го сакав. Очекував дека еден ден ќе основаме семејство, но Џастин не беше среќен поради мојата бременост. Рече дека не сме подготвени за дете, дека сме премлади – напишала пејачката.

Таа исто така напиша:

– Сигурена сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова, но јас се согласив на тоа. Не знам дали одлуката беше исправна. Ако одлуката беше до мене, никогаш немаше да го сторам тоа. Но Џастин бил сигурен дека не сака да биде татко – додала таа.

Тимберлејк и Спирс беа во врска околу три години пред ненадејно да се разделат во 2002 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...