Бритни и Сем не комуницираат по најавата за развод

Date:

Бритни Спирс и Сем Асгари не разговараат откако тој го напушти нивниот дом.

Сем (29) поднесе барање за развод од Бритни (41) минатата недела, претходно  се исели од куќата, а сега инсајдер открија дека парот во моментов комуницира само преку своите адвокати.

„Таа не го пушта Сем во куќата, не зборуваат. Имаа проблеми веќе некое време и Сем неверојатно тешко ја поднесуваше целата драма околу Бритни,“ анонимен извор изјави за „ЈуЕс викли“.

Друг инсајдер тврди: „Интензитетот околу Бритни го убиваше Сем, сепак тој се обиде да направи нивниот брак да успее. Тоа беше исцрпувачки, но неговата љубов никогаш не се поколеба. Тој само сака луѓето да ја разберат длабочината низ која минуваат.“

Во меѓувреме, Бритни, во својата прва изјава по разделбата од Сем, откри дека „не можела повеќе да ја трпи болката“.

„Како што сите знаат, јас и Сем повеќе не сме заедно… шест години се долго време да се биде со некого, така што јас сум малку шокирана, но… не сум тука да објаснувам зошто, бидејќи искрено, тоа не е ничива работа,“ напиша таа на Инстаграм.

„Не можев повеќе да ја поднесам болката. На некаков телепатски начин добивав толку многу пораки кои ми го топат срцето од пријателите и ви благодарам. Предолго покажувам дека сум силна и мојот Инстаграм можеби изгледа совршен, но е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа.“

„Би сакала да ги покажам моите емоции и солзи за тоа како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости !!!”

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...