Британската актерка Џулија Ормонд го тужи Харви Вајнстин за сексуален напад

Date:

Британската актерка Џулија Ормонд, која глумеше во познати холивудски филмови во деведесеттите години, заедно со големи имиња како Бред Пит и Харисон Форд, поднесе тужба против филмскиот продуцент Харви Вајнстин, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал во 1995 година, а потоа ѝ наштетил и на нејзината кариера, пренесува „Асошиејтед прес“.

Актерката поднела тужба во државниот Врховен суд во Менхетен, според законот усвоен минатата година во САД, којшто им овозможува на луѓето кои тврдат дека биле жртви на сексуален напад во минатото да поднесат тужба.

Таа во својата тужба тврди дека била ѕвезда во подем кога го запознала Вајнстин во 1994 година. Ормонд соопшти дека била во контакт со него за да разговара за сценарија и проекти, а во 1995 година потпишала продукциски договор со „Мирамакс“, чиј копретседател бил Вајнстин.

Актерката го обвини дека сексуално ја нападнал во декември 1995 година, по деловен состанок, а потоа ја демнел и негативно влијаел на нејзината кариера кога се соочила со него неколку недели подоцна.

Таа тврди дека им споделила на нејзините американски агенти во тоа време, од агенцијата „Creative Artists“, што се случило, но не добила поддршка и била советувана да не презема правни или други мерки. Ормонд ги обвини компаниите „Волт Дизни“ и „Мирамакс“, а и нејзините поранешни американски агенти, дека знаеле дека Вајнстин е опасност за жените, но не направиле ништо во врска со тоа.

Според тужбата, „ниту една од тие истакнати компании не ја предупредила Ормонд дека Вајнстин имал историја на напаѓање жени бидејќи бил премногу важен, премногу моќен и им заработувал премногу пари“.

Со тужбата, Ормонд за прв пат јавно го обвини Вајнстин за сексуален напад.

Како потсетување, 72-годишниот Вајнстин беше осуден за силување и сексуален напад во Њујорк во 2020 година и отслужува затворска казна во таа држава. Минатата година тој беше осуден за уште едно силување во Лос Анџелес. Тој ги обжали двете пресуди.

Неговиот адвокат Имран Ансари вели дека неговиот клиент „категорично ги отфрла сите наводи на Џулија Ормонд и е подготвен енергично да се брани себеси“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...