Ви предлагаме рецепт за брз и лесен ручек со пиперки
Состојки:
- 5-6 свежи пиперки
- 6-7 домати
- малку лук
- 7 лажици младо сирење или по ваш вкус
- малку сол
- бибер
- 1/2 лажиче шеќер
- малку сечкан магдонос
Приготвување:
Наредете цели пиперки во подлабоко тавче, па прелејте ги со малку масло. Посолете ги и пропржете ги од двете страни. Во блендер направете каша од домати. Извадете ги пиперките од тавчето и сипете го доматот во истото тавче. Додајте малку сол, шеќер, бибер и лук. Пропржете и додајте дробено сирење. Промешајте, па додајте ги пржените пиперки.



