Брз и вкусен ручек: Печено пилешко со пармезан

Date:

Пилешкото месо печено со пармезан е брзо јадење и повкусно отколку од ресторан.

Овој рецепт содржи босилок. Здрав е за консумирање оти е богат со витамини К, Ц и А, како и калциум, калиум, железо и магнезиум. На јадењате им дава совршена арома, може да се користи свеж или сушен. Има антиинфламаторни својства.

Потребни состојки:

  • 4 половинки пилешко филе
  • сол
  • бибер
  • 2 големи јајца
  • 240 гр презла (или повеќе по потреба)
  • 180 гр пармезан
  • 2 лажици брашно
  • 120 мл маслиново масло (за пржење)
  • 120 гр доматен сос
  • 60 гр моцарела
  • 60 гр свеж босилок
  • 120 гр кашкавал
  • 2 лажички маслиново масло

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 230 степени. Ставете го пилешкото филе во кеса што се затвора и на рамна површина. Цврсто измавајте го пилешкото со чекан за месо до дебелина од 5 см. Потоа убаво зачинете го со сол и бибер. Посипете го брашното врз филетите, рамномерно премачкајте ги двете страни. Изматете ги јајцата во плиток сад и оставете ги на страна.

Во посебен сад измешајте ја презлата и половина од ренданиот пармезан и оставете ги на страна. Месото со брашно потопете го во изматените јајца. Префрлете го во смесата со презла и посипете од двете страни. Оставете го пилешкото да отстои 10 до 15 минути. Загрејте го маслото во тава на силен оган и пржете го пилешкото во врело масло додека не порумени, околу 2 минути по страна.

Префрлете го пилешкото во сад за печење. Секое филе прелијте го со 2 лажици доматен сос, парчиња ситни коцки моцарела, сечкан свеж босилек и рендан кашкавал. Одозгора посипете го преостанатиот пармезан и намачкајте со малку маслиново масло. Се пече во загреана рерна додека кашкавалот не порумени, 15 до 20 минути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...