Тирамисуто е еден од најпознатите италијански десерти, а оваа поедноставена верзија е идеална за секој што сака брз и безбеден рецепт.
Потребно:
- 250 г бисквити
- 250 г маскарпоне
- 250 мл павлака
- 80 г шеќер во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 250 мл ладно црно кафе
- 2 лажици какао

Подготовка: Изматете ја слатката павлака во цврст снег. Додадете го маскарпоне сирењето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а потоа нежно соединете во мазен крем. Накратко потопете ги бисквитите во изладеното кафе и наредете ги на дното на мал сад. Намачкајте половина од кремот врз нив. Потоа ставете уште еден слој бисквити натопени во кафе и покријте ги со преостанатиот крем. Израмнете ја површината и оставете го колачот во фрижидер најмалку четири часа. Пред сервирање, посипете обилно со какао во прав и исечете на коцки. Сервирајте го колачот добро изладен за да се соединат убаво сите вкусови.





