БРЗО И ЛЕСНО: ПРИГОТВЕТЕ ДОМАШНИ ВАФЛИ

Date:

Потребни состојки:

120g сенаменско брашно;
2 големи лажици шеќер;
1 мала лажичка прашок за печиво;
¼ лажичка сол;
230ml млеко;
2 поголеми јајца;
60g стопен путер (може да се замени со 50ml масло за јадење);
Џем или јаворов сируп за послужување.

Пуштете го апаратот за вафли да се загрева, според препораките на произведувачот;
Во голем сад промешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта и оставете ги настрана;
Во друг сад со метална жица измешајте ги млекото и јајцата и додадете ги во садот каде што го измешавте брашното и другите суви состојки;
Мешајте со метална жица додека состојките да се соединат;
Полека додадете го стопениот путер или маслото за јадење и мешајте;
Со црпалка земајте по малку од смесата (околу 100g) и ставете прво на средината на апаратот, а потоа распоредете ги вафлите кон краевите, притоа водете сметка да оставите малку простор на краевите;
Оставете ги вафлите да се печат од 2 до 3 минути со затворен апарат, додека да станат кафеави и крцкави;
Послужете со џем, јаворов сируп или други додатоци по ваш вкус.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Гвардиола зимава потроши 152 милиони евра, но нема тука да застане

Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања,...

Елмас ќе игра во шпанската Ла Лига

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, до крајот на актуелната...

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ИЗМАМА СО ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА Компанија од Скопје го оштетила државниот буџет за милиони

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното...

ДАЛИ ТРАМП ОМЕКНУВА ЗА КИНА? Пекинг се надева дека ќе може да преговара за царините

Доналд Трамп досега се воздржуваше да дејствува на неговата...