Иако се заедно повеќе од една година, Бред Пит се уште не планира на јавноста да ја претстави својата сакана, дизајнерката на накит Инес де Рамон. Нивните средби секогаш се далеку од очите на јавноста и ова е всушност првата долга врска на Бред по раскинувањето со Анџелина Џоли.
Деновиве Бред и Инес беа видени во Лос Анџелес како ја напуштаат галеријата Гагосијан, која ја промовира модерната и современата уметност, а каде за прв пат изложува неговиот пријател, режисерот Бенет Милер, со кој работеше на филмот „Moneyball“.
По разгледувањето на изложбата, парот ја напушти галеријата низ гаражата, но овој пат не успеа да побегне незабележано.
Всушност, не е јасно зошто актерот и дизајнерката сè уште не одлучиле јавно да се изјаснат како пар кога и неговата бивша сврте нова страница во нејзиниот живот.