Бред Пит тврди дека овие двајца мажи се најубавите на сите времиња

Date:

Бред Пит своевремено дал големо интервју за „Vogue“, а во фокусот било промовирање на неговиот бренд за нега на кожа на мажи „Le Domaine Skincare“.

Очекувано, во текот на разговорот за тоа како мажите треба да се негуваат и што е тоа што е ново и што го нуди неговата козметичка линија, актерот се осврнал и на тоа кого го смета за најзгоден маж на светот.

„Знаете, во светот на актерството, затоа што тоа е мојата работа со која се занимавам секој ден, мислам дека тоа е Пол Њуман. Затоа што толку грациозно остаре. И според сите извештаи беше навистина посебно, талентирано, топло и искрено човечко битие“, изјавил Бред Пит, па додал:

А, доколку треба да именувам некој од луѓето кои сѐ уште се меѓу нас, па морам да го истакнам Џорџ Клуни, зошто да не?“.

Бред Пит додал и дека неговата тајна на добриот изглед не е комплицирана – малку здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативноста, време поминато со блиските луѓе.

Сепак, на финалето на овогодишниот Вимблдон тој го покажа своето лице кое одговара на 15-на години помлад маж, па веруваме дека тука „прсти вмешале“ и естетските операции.

Бред одговорил и на прашањето како се гледа себеси во иднина:

„Колку што сум постар толку повеќе размислувам за квалитетот на животот и трошењето време и сигурно ќе се посветам на тоа. Мислам дека по изолацијата многумина помислија така да го поминуваат своето време, зошто така се создадени, но на што ги посветиле своите животи? И мислам дека семејството и пријателите на крајот се сѐ што е важно“, изјавил тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...