Актерот Бред Пит, кој неодамна беше виден како ужива во Мексико со својата нова девојка Инес де Рамон, минатиот месец го продаде својот мнозински удел во успешната холивудска продукциска куќа „План Б“.
Сето тоа го прави за да се оддалечи од Холивуд и да започне помирен живот, изјави извор за „Page Six“. Тој ја основа компанијата „План Б“ со неговата поранешна, Џенифер Анистон.
„Бред размислува да го напушти Холивуд и да се пресели во Франција, каде што ќе се занимава со лозје, уметност и производство на мебел. Тој само сака да живее во мир“, открил изворот.
Извори блиски до актерот откриваат дека актерот не сака повеќе да се занимава со бизнис, туку само понекогаш сака да глуми. Така тврдат неговите познаници и истакнуваат дека тој повеќе ќе се посвети на францускиот имот Шато Миравал кој го купил со Анџелина Џоли и на други интереси како архитектурата.
Бред Пит е познат како страствен колекционер на уметнички дела и обожавател на архитектурата, а оваа година се радува на нова улога – ќе глуми во филм за Формула 1 во продукција на светскиот шампион, возачот Луис Хамилтон.